Објекти

Објект Сочоглед

Објект "Сончоглед" на улица "Локов" бр.11, во населба Кисела Вода

Објектот "Сончоглед" е од тврда градба. Во состав на објектот е централната кујна, опремена со HASAPP стандарди која секојдневно подготвува храна за сите деца присутни во ‘’ Весели Цветови ‘’ и редовно се дистрибуира по објекти со возило. Објектот располага со вкупна корисна површина до 1523м2 и дворно место од 2757м2. Истиот располага со 8 занимални, 1 кабинет за воспитниот тим, 1 амбуланта, 1 фискултурна сала, 6 административни простории, 3 кујни, 10 санитарни чварови, 3 магацини, 2 перални , 1 котлара и 1 скривница. Просториите се затоплуваат со централно греење. Капацитетот на објектот е 180 деца. Објектот располага со јасли и градинка.

Во јаслениот дел децата се згрижени во една група, но во две одделни простории и тоа: од 9 до 18 и од 18 до 24 месеци. Во групите со деца од јаслена возраст работата негуватели. Во делот градинка децата се воспитуваат и згрижуваат во 7 воспитни групи, и тоа:

  • од 2 – 3 години – две групи
  • од 3 – 4 години – една група
  • од 4 – 5 години – две групи
  • од 5- 6 години – две групи

Во подрумските простории на објектот е сместена Главната кујна во која секојдневно се подготвува ручекот и дел од ужинките во сите четири објекти на Установата. Објектот располага со две помошни кујни и една просторија за магацин. Исто така во подрумските простории е сместена и пералната за крупен и ситен веш , во која што се обавува процесот на перење. Дел од градинката (117 м2) во 2003 година се одземени од Установата и се во сопственост на МТСП во кои е сместен "Дневниот центар за децата од улица". Објектот располага со голема дворна површина и детско игралиште.

Телефон за информации: 02/ 2779-662

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес66
Вчера351
Оваа недела1315
Овој месец6647

Моментално посетители

1
Онлајн

2024-03-29

Политика за колачиња