Објект "Синоличка" на ул."Петар Дељан" бр.9
Објектот е од монтажен тип, располага со вкупна корисна површина од 1009м2 и дворно место од 2596м2. Објектот има 9 занимални, 1 кабинет за воспитниот тим, 1 амбуланта, 1 фискултурна сала, 1 чајна кујна, 1 административен простор, 4 санитарни чворови, 1 магацин, 2 подрума и 1 котлара. Просториите се затоплуваат со централно греење. Капацитетот на објектот е 210 деца.Објектот располага во јаслен дел и градинка.
Во јаслениот дел децата се згрижени во три групи, и тоа:
- од 9 - 12 месеци - една група
- од 12 - 18 месеци - една група
- од 18 - 24 месеци - една група
Во групите со деца од јаслена возраст работат негуватели.
Во делот градинка децата се воспитуваат и згрижуваат во 7 воспитни групи, и тоа:
- од 2 - 3 години - две групи
- од 3 - 4 години - две групи
- од 4 - 5 години - една група
- од 5 - 6 години - две групи
Во секоја група активностите ги реализираат стручни тимови (воспитувач и негувател).
Телефон за информации:
- Синоличка: 02/ 2779-170