Објекти

Објект Мимоза

Објект "Мимоза" на улица "Антон Попов" бр.43 во населба Кисела Вода

Објектот "Мимоза" е од тврда градба и располага со вкупна корисна површина од 820м2 и дворно место од 926м2. Објектот има 7 занимални, 1 кабинет за воспитниот тим, 1 фискултурна сала, 2 административни простории, 2 кујни, 1 трпезарија, 2 санитарни чворови, 1 магацин и 1 котлара. Просториите се затоплуваат со централно греење. Капацитетот на објектот е 140 деца. Објектот располага со јаслен дел и градинка. Во јаслениот дел децата се згрижени во една група и тоа: од 12 – 24 месеци – 1 група. Во групите со деца од јаслена возраст работат негователи. Во делот градинка децата се воспитуваат и згрижуваат во 6 воспитни групи и тоа:

  • од 2 – 3 години – две групи
  • од 3 - 4 години – една група
  • од 4 – 5 години – две групи
  • од 5 – 6 години – две групи

Телефон за информации:

  • Мимоза: 02/ 2770-488

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес143
Вчера297
Оваа недела967
Овој месец3859

Моментално посетители

3
Онлајн

2024-04-18

Политика за колачиња