Објекти

Објект Кокиче

Објект "Кокиче" на ул. "Ѓорѓи Сугаре" бр.2

Објектот "Кокиче" е од монтажен тип. Истиот е реконструиран во 2009 година со промена на прозори и врати и реконсктрукција на санитарните чворови. Објектот располага со вкупна корисна површина од 671м2 и дворно место од 2668м2. Објектот има 4 занимални, 1 кабинет за воспитниот тим, 1 амбуланта, 1 чајна кујна, 1 санитарен чвор, 1 магацин, 1 перална и 1 котлара. Просториите се затоплуваат со централно греење. Капацитетот на објектот е 140 деца. Децата се воспитуваат и згрижуваат во 7 воспитни групи и тоа:

  • од 9 – 18 месеци – една група
  • од 18 – 24 месеци - една група
  • од 2 – 3 години – една група
  • од 3 – 4 години – една група
  • од 4 – 5 години – една група
  • од 5 – 6 години – една група
  • од 4 – 6 години – една група

Во секоја група активностите ги реализираат стручни тимови(воспитувач и негувател).

Управата е во склоп на објект "Сончоглед" на ул. Локов бр. 11.

Телефон за информации:

  • Кокиче: 02/ 2776-235

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес210
Вчера501
Оваа недела1921
Овој месец11154

Моментално посетители

2
Онлајн

2026-01-30

Политика за колачиња