Огласи

Јавен Повик ОКР ОП 2021



Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Кисела Вода, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 12.01.2022година се објавува

ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, за работно ангажирање со скратено работно време од 5 (пет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Скопје.

Евидентираните невранботени лица треба да имаат лиценца за негувател.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 5 месеци.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, услугата која треба да се испорачува и за време на работниот ангажман од 5 (пет)месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лицакорисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица

  • долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
  • млади лица до 29 години
  • лица постари од 50 години
  • невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Корона вирусот COVID -19
  • лица корисници на гарантирана минимална помош
  • лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
  • жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етничките заедници
  • самохрани родители
  • родители на 3 и повеќе деца

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на
- негуватели за деца во јавните детски градинки

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Скопје во периодот од 12.01.2022година до 17.01.2022година, од 08:00 до 14:00 часот

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Кисела Вода и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Кисела Вода кај лицето Елизабета Јаневска, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Скопје кај лицето Никола Ѓуровски, Центар за социјлна работа Кисела Вода кај лицето Анета Трајковска.

Општина Кисела Вода

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес91
Вчера282
Оваа недела1652
Овој месец373

Моментално посетители

1
Онлајн

2024-11-02

Политика за колачиња