Воздухот е околу нас

Тема на неделата: Сонце, вода, воздух и почва

Дата: 02.04.2020

Реализатор: ЕЛЕНА ГОГОВСКА


АСПЕК НА РАЗВОЈ: Развој на јазикот, комуникација и описменување

СТАНДАРД: Детето може да слуша и разбира говорен јазик


НАСЛОВ НА ТЕМА: ВОЗДУХОТ Е ОКОЛУ НАС


 

АКТИВНОСТ:

1. Говорна игра/разговор

* Потребни материјали:

  • слики
  • илустрации
  • детска литература

ВОЗДУХ

🙂 Воздухот е насекаде околу нас и ние не можеме да го видиме само можеме да го почувствуваме.

Воздухот нема боја, односно е проѕирен, нема вкус и не можеме на го допреме меѓутоа се наоѓа насекаде околу нас.

🙂 Воздухот е неопходен за опстанок на животот на Земјата. Најважен елемент на воздухот за одржување на животот на Земјата е кислородот. Него го користат и растенијата и животните. Животните и човекот не можат да издржат без воздух повеќе од неколку минути. Растенијата, низ процесот фотосинтеза, се најголеми производители на кислород.

🙂 Воздухот е гасовита материја составена претежно од азот (78%), кислород (21%); останатиот 1% го сочинуваат материи како јаглероден диоксид, водород, хелиум, водна пареа и други.


2. Практична креативна активност:

* Потребни материјали:

  • балон
  • шпатули или цевка
  • хартии во боја
  • лепак
  • ножички

🙂 Дуваме балон и кажуваме дека балонот а наполнет со воздух.

balon

🙂  Изработка на ветерница:

https://www.youtube.com/watch?v=VjpTKrdm5Kc

veternica


3. Музичка игра: 

🙂 Дувни ветре развигорче:

https://www.youtube.com/watch?v=p3ne4EefHXE


ЦЕЛИ:

  • Да се поттикне активно слушање и разбирање на говорот од страна на возрасен.
  • Да се поттикне иницијативност, креативност, трпеливост при реализација на активностите.

ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Детето се вклучува во разговорот, го разбира она што го слуша и соодветно реагира.