Галерија

Воени возила

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: СПЕЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА

ДАТА: 29.05.2020

РЕАЛИЗАТОР: Александра Атанасова


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Когнитивен развој и стекнување на општи знаења


СТАНДАРД:

  • Детето e способно да истражува и открива нови работи.
  • Детето покажува интерес за учество во музичка активност.

НАСЛОВ НА ТЕМА: ВОЕНИ ВОЗИЛА

АКТИВНОСТ:

1. Говорна игра/ разговор

* Потребни материјали:

  • слики
  • илустрации

1

*Што се воени возила?

-Вие другарчиња секогаш многу сакате да си играте со детски пушки, пиштоли, со мали зелени војничиња, а исто така и со возилата во зелена боја како што се тенкови, камиони, хеликоптери.

Возилата во зелена и маскирна боја се ВОЕНИ ВОЗИЛА.

Воените возила и припаѓаат на нашата армија.

Армијата ја чува нашата ТАТКОВИНА.

Татковината која сите ја сакаме, тоа е нашиот дом.

Воените возила армијата ги користи во одбрана на татковината, но за среќа нашата татковина Република Македонија не е во вооружен судир со друга земја.


Видови воени возила во Република Македонија           

ТЕНК- е гасенично оклопно борбено возило. Тој врз себе има тежок оклоп, но и голема подвижност, а наместо гуми има повеќе тркала кои изгледаат како гасеница. Гасениците му овозможуваат движење до непрооден терен со голема брзина.2


-КОМАНДНО МОТОРНО ВОЗИЛО

Е возило кое наликува на комбе, но наместо гасеници има гуми. И тенкот и транспортното воено возило имаат зелена боја.

3


-ВОЕН ХЕЛИКОПТЕР-

Го управуваат пилотите од армијата на Република Македонија.

4


КОРИСТ ОД ВОЕНИТЕ ВОЗИЛА

Најчесто воените возила се користат и во добра цел,а тоа е да помагаат...

Кога треба да се помине поголема препрека, евакуација на повредени цивили и гаснење на големи пожари се користат воените хеликоптери, а пак со военото возило се носи хуманитарна помош.

5
6
7

2 .Практична креативна активност:

Потребни материјали:

  • Хартија во боја(зелена)
  • Ножици
  • Лепак
  • туба од тоалетна хартија и картонски мали кутии

Изработка на тенк:

8
9

3.Математичка игра

(детето со помош на родителот да ги изброи авиончињата на сликата и да го поврзе со бројот)

10


4. Музичка активност

-Порака до сите деца во светот
https://www.youtube.com/watch?v=0fguYToTvSM&feature=share&fbclid=IwAR1p4oLbJt1n-x6qeKSJ2OpQRyICdBrQgsRwJ9OGgk7sNKdshStiEUwp1j8


ЦЕЛИ:

  • Запознавање со воените возила како специјални возила и нивните елементи.
  • Да се поттикне интересот и љубовта кон танцувањето и креативното изразување преку движењата на телото.
  • Да се поттикне способноста за поврзување на количина (број на елементи) со симболите на броевите (цифри).

ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Децата умеат да ги опишат карактеристиките на воените возила.
  • Децата ги препознаваат воените возила .
  • Детето успешно ги контролира деловите од телото.
  • Детето умее да користи и поврзе број на елементи со соодветна (пр. од 1 до 4).

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес379
Вчера399
Оваа недела1525
Овој месец6415

Моментално посетители

4
Онлајн

2024-04-26

Политика за колачиња