Галерија

ВЕШТИ РОДИТЕЛИ - БУДАТ КРЕАТИВНОСТ КАЈ ДЕЦАТА

Видовме многу задоволни родители, со насмевки на нивните лица; забележавме дека ЦЕЛТА ја постигнавме, а тоа е: РОДИТЕЛИТЕ САКААТ ДА БИДАТ НАШИ ПАРТНЕРИ ЗА ДА ИМАМЕ СРЕЌНИ ДЕЦА!

Родителите имаа можност да се запознаат на кој начин може да ја откриваат надареноста кај децата, да ја будат нивната креативност, но НАЈВАЖНО - го видоа новоуреденото Еко-катче каде децата прават експерименти и истражуваат како можат да придонесат да имаме здрава животна средина и се грижиме за планетата Земја.

Воодушевеноста не можеше да се сокрие од нивна страна, а за да има една таква атмосфера, се погрижија воспитувач Елена Гоговска, која несебично се вложува во исполнување на мисијата: ДА ИМАМЕ ЕКО - СВЕСНИ ВОЗРАСНИ И ДЕЦА, и стручен работник - социјален работник Весна Блажевска, која исто така, несебично го споделува секое стекнато знаење и искуство, со децата, вработените и родителите, исполнувајќи на ВИЗИЈАТА како надополнување на МИСИЈАТА на Елена Гоговска: ДА ЈА ОТКРИВАМЕ НАДАРЕНОСТА И КРЕАТИВНОСТА, ЗА ДА НАПРАВИМЕ ПОЗИТИВНИ ПРОМЕНИ! 20250604_180657.jpg

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес156
Вчера160
Оваа недела461
Овој месец3483

Моментално посетители

1
Онлајн

2025-06-18

Политика за колачиња