Галерија

„Весели Цветови“ за заштита на децата

ЈДГ „Весели Цветови" - на општина Кисела Вода во Град Скопје отсекогаш се грижела за добросостојбата и правата на децата. Тоа го потврди и покажа преку учество на вработените: Елена Гоговска - воспитувач, Ирена Василевска -воспитувач и Весна Блажевска - социјален работник во проектот ОД 1 ДО 5 - СТОП ЗА СЕКСУАЛНО НАСИЛСТВО ВРЗ ДЕЦАТА. Во периодот што следува, ќе продолжиме интензивно да работиме и реализираме воспитно - образовни активности на оваа сензитивна тема, пришто и останатите вработени ќе имаат можност да ги користат адаптираните едукативни содржини за работа со деца и возрасни. Секогаш сме посветени на максимата: „Децата се најважни и работиме во најдобар интерес за нив"!

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес597
Вчера676
Оваа недела1870
Овој месец8331

Моментално посетители

1
Онлајн

2026-07-15

Политика за колачиња