Денес, на 25.10.2025 година преку Видео презентација, поради неможноста за физичко присуство на Конференцијата: „Педагошки компас у медијском лабиринту: прилике и изазови", која се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина, стручниот работник - социјален работник Весна Блажевска зема учество со свој труд на овој голем настан.
Нејзиниот труд носи наслов: „МЕДИЈЕ НУДЕ СВАШТА - И МОГУ ДА РАЗВИЈУ ДЕЧЈА МАШТА".
Овој труд ќе биде објавен во Меѓународен зборник и секој ќе има можност да го прочита. Учеството на Весна Блажевска на вакви Меѓународни конференции е во континуитет, каде таа учествува со свои трудови на најразлични теми од областа на предучилишното воспитание и образование, со што дава голем придонес за афирмација на ЈДГ„Весели Цветови" - на општина Кисела Вода во Град Скопје, како во нашата држава, така и во државите од регионот и Европа.
За Нас
Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.
По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.
Оваа веб-страна користи колачиња за автентикација, навигација и останати функции. Со користење на веб-страната се согласувате да ги добиете колачињата на вашиот уред.
Оваа веб-страна користи колачиња за автентикација, навигација и останати функции. Со користење на веб-страната се согласувате да ги добиете колачињата на вашиот уред.