„Како резултат на успешна соработка со НВО Еко - Логик, кои неуморно и континуирано работат со цел да дадат дополнителна вредност за децата од предучилишна возраст, а со тоа ни помогнат да ја унапредуваме воспитно - образовната работа, во периодот од 01.04 до 03.04.2026 година се одржа обуката Street Smart Flagbag, на која учествуваше стручен работник - социјален работник Весна Блажевска од ЈДГ „Весели Цветови" - на општина Кисела Вода во Град Скопје. Стекнатите знаења веќе стручниот работник ги применува при работа со деца, а задоволството кај децата е неизмерно. Веќе се реализирани активности со две знаменца, а преостануваат уште 47 кои етапно ќе се реализираат.
Street Smart е иновативна и креативна методологија за работа со деца и млади која опфаќа 7 области на делување и подобрување на квалитет на живот и секојдневието на младите луѓе.
Првите две знаменца кои се применија за реализација на воспитно - образовни активности се од областа МУЗИКА И УМЕТНОСТ, како и од областа ФИЗИЧКО ЗДРАВЈЕ."

