Галерија

Сообраќајни знаци

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: УЛИЦА ВРВУЛИЦА

ДАТА: 22.05.2020

РЕАЛИЗАТОР: ЕЛИЗАБЕТА СТОЈКОВСКА


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Когнитивен развој и стекнување на општи знаења.


СТАНДАРД:

  • Детето може да научи нови работи и да стекне нови искуства.
  • Детето може да воспостави контрола на движењето на дланките и прстите.

НАСЛОВ НА ТЕМА: СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ


АКТИВНОСТ:

1. Разговор/говорна игра

* Потребни материјали:

  • слики
  • енциклопедија со сообраќајни знаци
  • детски списанија

01

Сообраќајните знаци имаат важна улога во регулирање на сообраќајот.

Сообраќајните знаци се разликуваат според нивната важност.

Постојат неколку вида на сообраќајни знаци:

  • сообраќајни знаци кои означуваат опасност и имаат форма на триаголник.
02
03

  • сообраќајни знаци кои служат за известување и имаат форма на квадрат.
04
05

  • сообраќајни знаци кои означуваат забрана и имаат форма на круг и знакот СТОП кој е осумаголник.
06
07

  • семафорите спаѓаат во светлосни сообраќајни знаци.

08

Секое дете може да каже што знае за сообраќајните знаци и да ги опише.


2. Практична креативна активност

* Изработка на сообраќајни знаци

Потребни материјали:

  • хартија во боја
  • ножички
  • лепак
  • шпатула или цевка
09
10

3. Гледање на видео:

Што значи знакот стоп?

https://www.youtube.com/watch?v=qmdh86CBJQs


ЦЕЛИ:

  • Стекнување на елементарни претстави и знаења од областа на сообраќајот (сообраќајни знаци).
  • Да се поттикне да држи ножички со една рака и да сече хартија по зададена линија.

ИНДИКАТОРИ:

  • Детето се запознава со видови сообраќајни знаци и се обидува да ги препознае истите.
  • Детето самостојно ги држи ножичките и држи хартија.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес117
Вчера254
Оваа недела371
Овој месец3263

Моментално посетители

1
Онлајн

2024-04-16

Политика за колачиња