Галерија

Што се расте во почва

Тема на неделата: Сонце, вода, воздух и почва

Дата: 03.04.2020

Реализатор: Клементина Петрушевска


АСПЕК НА РАЗВОЈ: Когнитивен развој и стекнување на нови знаења


СТАНДАРД: Детето ги набљудува и опишува карактеристиките на живиот свет.


НАСЛОВ НА ТЕМА: Што се расте во почва/земја?


АКТИВНОСТИ:

* Потребни материјали:

  • слики
  • илустрации
  • детска литература

1. Говорна игра - разговор

* Почвата претставува површинскиот слој на земјината кора. Почвата е создадена од : минерали, вода, воздух и живи организми.

Во почвата живеат многу живи организми, бактерии, габи, инсекти и црвчиња кои се хранат од земјата.

Во почвата растат различни видови растенија: дрвја, треви, цвеќиња, зеленчуци, овошја, житни ултури, билки и др.

*Децата сакат да истражуваат и копаат во земјата. Да ги набљудуваат бубалките и растителниот свет, тревите, цевќињата и дрвјата.

nabljuduvanje pocna


2. Истражувачка активност

*Разгледај и опиши како растението се менува и расте.

pocva rastenija


3. Ликовна игра/ изработка – Нашата мала градина

*Потребни материјали

  • саксија,пластично шише, конзерва и сл.
  • темпера
  • цвеќе
  • украсни камчиња
saksii 1
saksii 2

4. Математичка игра

-Нацртајте 5 цвета и во нивната средина запишете ги броевитеод 1 до 5.

Децата со својот прст ставаат отпечатоци за ливчиња соодветен на бројот.

mat igra cvetovi


ЦЕЛИ:

  • Збогатување на сознанијата на децата за растителниот свет и важноста на почвата за истите.
  • Стекнување на нови искуства и сознанија
  • Поттикнување на љубопитноста и истражувачкиот дух.

ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Детето набљудува и препознава причинско- последични релации .
  • Детето знае дека растенијата растат и се менуваат.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес169
Вчера351
Оваа недела1418
Овој месец6750

Моментално посетители

5
Онлајн

2024-03-29

Политика за колачиња