Галерија

Вмрежување и споделување на искуства за проектот: "Say hello to the world"

Работен состанок од страна на "Весели Цветови" заедно со детската градинка "Буба Мара", објект - Сонце.

Вмрежување и споделување на искуства за проектот: "Say hello to the world", за кој успешно беше реализиран од страна на "Весели Цветови" 2024/2025 година и каде добивме сертификат за толерантна градинка, што не прави единствени во Македонија. 
 
Средбата и презентацијата беше реализирана по барање на социјалниот работник на градинката "Буба Мара" Весна Христова, каде со нивниот тим сакаат да работат на истиот проект оваа година. 
 
Благодарност и на социјалниот работник на "Весели Цветови" Весна Блажевска за вмрежувањето и поттикнување на учество за вклучување во проектот. 
 
На состанокот присуствуваа воспитувачите: Клементина Петрушевска и Елена Гоговска, каде ги споделија стекнатите искуства и знаења околу самиот проект, се со цел збогатување на воспитно-образовната работа во двете градинки. 
 

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес114
Вчера362
Оваа недела476
Овој месец6190

Моментално посетители

2
Онлајн

2025-10-14

Политика за колачиња