Работилница за реупотреба на текстил
На ден 21.10.2025 година во објект Кокиче, воспитна група 5-6 години се одржува за прв пат работилница со родители и деца каде разговаравме најпрво за важноста од реупотреба на текстилни материјали, како едни од најголемите загадувачи на животната средина, а потоа, ДЕЦАТА ЗАЕДНО СО РОДИТЕЛИТЕ, изработија знаме на кое е симболот на нивната воспитна група - ЅВЕЗДИЧКИ!
И децата не само што имаа можност дека текстилните материјали може да се реупотребат и пренаменат, со што придонесуваат за заштита на животната средина, туку воедно ја вежбаа фината моторика, комбинираа бои и големини, а ја развиваа концентрацијата и вниманието.
Работилницата беше реализирана во соработка со воспитувач Фросина Канзурова, негувател Јулијана Богоевска и стручен работник - социјален работник Весна Блажевска.
