Галерија

Научно катче

 Прво и единствено НАУЧНО ЕКО КАТЧЕ во Весели Цветови. 

Во ова катче децата ќе имаат можност секојдневно да истражуваат, набљудуваат, експериментираат, забавуваат, со еден збор искуствено да учат. 

Се почна во април, каде тимот на Весели Цветови аплицираше на проект за учество во младинска иницијатива за подигнување на свеста за заштитата на животната средина и климатски промени, со идејата да им обезбедат на децата катче каде ќе се изведуваат овие едукативно, научни експерименти, кои се од огромно значење за децата, а децата навистина уживаа додека ги изведуваа експериментите. 

Негувателите и воспитувачите во сите 6 објекти во Весели Цветови, предходно цела една година работеа со дечињата во своите занимални на тестирање на слични вакви експерименти и активности. Од тука произлезе и идејата за едно вакво научно еко катче. 

Позади сето ова стојат вработените во Весели Цветови, НВО Еко Лоџик и УНИЦЕФ. 

Благодариме до небо. 

Децата пред се. 

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес28
Вчера241
Оваа недела1154
Овој месец3677

Моментално посетители

1
Онлајн

2024-05-17

Политика за колачиња