Галерија

Моето маче

Тема на неделата: Домашни миленици

Дата: 06.04.2020

Реализатор: Николина Велјановска


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ:  Физичко здравје и моторен развој.


СТАНДАРД: Детето може да се движи координирано со цел.


НАСЛОВ НА ТЕМА: Моето маче


 АКТИВНОСТ:

1. Говорна игра/разговор

🙂 Потребни материјали: слики, илустрации и детска литература

🙂 Домашни миленици се оние животни кои се припитомени и живеат заедно со луѓето во нивните домови.

Кои се животни може да бидат домашни миленици? – Тоа се: маче, куче, риба, папагалче, хрчак, морско прасе, водна желка и др.

🙂 Мачката е убаво да се чува како домашно милениче. Таа иако е припитомена ,не го изгубила својот инстинкт за ловење. Таа преде кога е задоволна. Користат многу видови на говор за комуникација: мјаукање, предење, ржење.

Имаат силно еластично тело,брзи рефлекси,остри канџи. Тие имаат остар слух и во темно го наоѓаат својот плен. Имаат и многу подобро сетило за мирис од луѓето.

Мачката е поврзана со својот домаќин и кога е тажен почнуваат да се галат и мјаукаат. Може и да не затоплат кога е ладно.

🙂 Интересни факти за мачките:

  • Можат да постигнат неверојатна висина.
  • Спијат во 2/3 од денот.
  • Имаат чувства како луѓето.
  • Скокаат поубаво и од нас.

mace 1

2. Практична креативна активност:

* Потребни материјали:

  • хартиено тањирче
  • темперни бои
  • четки
  • хартија во боја
  • лепак
  • фломастери

🙂 МАЧЕ

mace 1


 3. Музичка игра:

🙂 Непослушно маче

https://www.youtube.com/watch?v=JAt_oRXpHjY


 4. Подвижна игра:

🙂 Мачка и глушец (игра со промена на брзината на движењето).

Имитативна игра: скокаме и трчаме како мачиња (скока од место во височина и далечина).


ЦЕЛИ:

-  Да се оспособи да изведува локоморни активности и координирање на движењата.


ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:

-  Да се развива креативноста,самостојноста и истрајноста.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес386
Вчера248
Оваа недела1133
Овој месец6023

Моментално посетители

1
Онлајн

2024-04-25

Политика за колачиња