МЕСТО ЗА РАСТЕЊЕ - ОПШТИНИ ПОСВЕТЕНИ НА ДЕЦАТА"
Општина Кисела Вода е една од 5-те општини во нашата држава која успешно го реализираше проектот: „МЕСТО ЗА РАСТЕЊЕ - ОПШТИНИ ПОСВЕТЕНИ НА ДЕЦАТА". За оваа успешна приказна, голем придонес, покрај основните и средните училишта на територија на општина Кисела Вода, имаа и двете јавни детски градинки.
ЈДГ „Весели Цветови" - на општина Кисела Вода во Град Скопје со вработените: Габриела Стојановска - воспитувач, Клементина Петрушевска - воспитувач и Весна Блажевска - социјален работник, повеќе од две години работеа посветено и одговорно за реализација на проектните активности. Од тоа произлегоа изработка на Стратешки документи, се формира Лоаклен совет за унапредување на правата на децата, кој како тело е изгласан и од страна на Советот на општината, а крајниот производ е изработката на Платформа за следење на состојбата со правата на децата и нивната вклученост во носење на одлуки на локално ниво од страна на КМОП - Скопје.
Во прилог е линкот од платформата до кој може да стигне секој граѓанин, да го погледне Стратешкиот план, но и да дава свои предлози и сугестии.
Навистина се радуваме што како установа каде се градат темелите за иднината на една држава, СМЕ ПРВЕНЦИ заедно со општината, кон реално остварување на една ваква МИСИЈА И ВИЗИЈА!
Известил:
Весна Блажевска
стручен работник - социјален работник
ЈДГ „Весели Цветови" - на општина Кисела Вода во Град Скопје