„По повод одбележување на Детската недела, како и секоја година, така и оваа стручниот работник - социјален работник Весна Блажевска од ЈДГ „Весели Цветови" - на општина Кисела Вода во Град Скопје оствари соработка со Првата детска амбасада во Македонија - Меѓаши. Нашите гости, Изабела и Мила, кои воедно се реализатори на инфо-линијата АЛО БУШАВКО, заедно со децата од објект Синоличка одржаа креативна работилница, секако на тема: ДЕТСКИТЕ ПРАВА. И сето ова немаѓе да биде толку успешно и богато реализирано ако не не надополнуваа воспитувачките Весна Зафировска и Николина Велјановска, и негувателките Катерина Коларовкса и Билјана Јовановска. Децата, не само што играа, боеа, сложуваа, туку научија некои свои нови права, но и обврски."

