Галерија

Градежни возила

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: СПЕЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА

ДАТА: 28.05.2020

РЕАЛИЗАТОР: Весна Зафировска


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Развој на јазикот, описменување и комуникација.


СТАНДАРД: Детето може да го збогати својот речник и да покаже напредок во правилниот говор.


НАСЛОВ НА ТЕМА: ГРАДЕЖНИ ВОЗИЛА


АКТИВНОСТ:

1. Говорна игра/ разговор

* Потребни материјали:

  • слики
  • илустрации
  • авторски текст на воспитувачот (сказна)

1

СОНОТ НА МАРКО – (сказна)

Во собата на Марко се спушти тивко пролетната темна ноќ. Мајка му го прегрна, го бакна Марко, ја изгаси ламбата и тивко му рече: Добра ноќ сине, убав сон… не се возбудувај многу поради новиот камион, утре ке играш со него.

Добро е, си помисли Марко. Мама ја затвори вратата. Марко спокојно гледаше во големиот нов камион, кој стоеше покрај креветот. Во мракот зраците од уличната светилка паѓаа токму врз камионот и ги осветлуваа црните тркала, жолтата кабина и сината подвижна корпа. Тој просто блескаше. На меките перници задоволно потона главчето на Марко во мирен сон… Сон ли беше?!... Во дворот на Марко градилиште едно ќе се спрема, ќе се работи со бучава, со врева. Прашина до облаци ќе се магли и ќе  се крева… Но  одеднаш во собата наслушна …

2

 Неговиот нов шарен камион за транспорт тивко воздивна:

- ,,Ах, кутар јас, стојам тука, чекам бесполезно, се досадувам… Кој ќе чека до утре , да изгрее сонцето, Марко да стане и да игра со мене.,,

3

,,Кхм, кхмм,, - се накашла од полицата портокаловиот багер и зарипнато му рече на камионот:

- ,,Што си толку важен?! Ако си нов, не значи дека си главен. Со мене Марко играше во песокот на плажа кога беше на одмор. Јас црпев неуморно со мојата корпа песок, за да изгради кула. ,,

4

 ,,Брм, брм, пуф!,, -се јави црвената бетономешалка од корпата со играчки!

-,,Вие само се фалите…едниот нов, другиот потребен, а јас сум веке уморен и стар. Вртев, бревтав во дворот…и се расипав.Марко повеќе не игра со мене.,,

,,Крк, штрак, бип… Каква е оваа галама во ноќва. Се знае кој е тука главен и број еден.

- се јави кранот.

5

-,,Јас сум кран. Без мене ништо не може да се гради, да се преместува и дига. Јас сум највисок, најиздржлив и… ако не ме послушате да замолчите сите ке ве заврзам со мојата сајла и ке ве дигнам да стоите во воздух.,,

6

- ,,Ви се молам,,-тивко прошепоти ваљакот ! ,, Сите сме си потребни едни на други. Без мене нема прав пат, а ако  нема пат тогаш каде вие ќе се движите? Размислете колку си помагаме еден на друг!!!,,

Во детската соба завладеа молк. Сите градежни возила замолкнаа, од зборовите на мудриот ваљак. Размислија и ете така се сложија и се договорија, никогаш повеќе да не се караат, туку сложно да учествуваат во градежните игри со Марко…Се дури не заврши детскиот сон и не порасне Марко , за да управува со вистински градежни возила.

 

ОБРАБОТКА НА ТЕКСТОТ

Прашања кои вие родителите ги поставувате , а децата треба да дадат одговор:

  1. На што се радувал Марко?
  2. Колку  играчки градежни возила имал Марко?
  3. За што се фалел багерот?
  4. На што се жалела бетономешалката?
  5. Дали добро постапил кранот?
  6. Кој е мудар во сказната?
  7. Опишете ги возилата!

 Која е ползата од градежните возила?


2. Практична креативна активност:

* Потребни материјали

  • ножици
  • лепак
  • колаж хартија
  • дрвени боици
  • испринтани листови
  • молив
  • фломастер

Графомоторни вежби:

7
8

Цртеж на градежно возило:

  • Да се обојат возилата по сопствен избор.
  • Со помош на родителите да се изработат цртежите во ,,колаж,, техника.

9


3.Едукативни видeo клипови

https://www.youtube.com/results?search_query=%23videosparani%C3%B1os

#CanWeFixIt #BobTheBuilderUS #CartoonsForKids

#trucksforkids #constructionvehiclesforkids #animationforkids


ЦЕЛИ:

  • Да се развива способноста за слушање, разбирање и доживување на јазикот.
  • Да се поттикнува и развива способност за употребување на  нови зборови и поттикнување за прашување за значењето на непознатиот збор.
  • Да се поттикнува и развива способност за раскажување и изразување со куси целосни реченици.
  • Да се зпознаат со градежните возила и нивната намена.

ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Детето со внимание слуша сказни што му се читаат.
  • Детето соодветно одговара на поставените прашања и користи нови зборови.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес193
Вчера335
Оваа недела1091
Овој месец6423

Моментално посетители

4
Онлајн

2024-03-28

Политика за колачиња