Галерија

Европско искуство што инспирира: Воспитувач од „Весели Цветови“ на еТвининг семинар во Латвија

Воспитувач м-р Габриела Стојановска вработена во нашата градинка ЈДГ ,,Весели Цветови "-Скопје при општина Кисела Вода во град Скопје , беше избрана од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да присуствува на интернационален семинар  ,,Основни вештини во предучилишните установи со помош на еТвининг проекти " -    (Basic skills in preschool with eTwinning projects) во Рига, Р.Латвија од 1-3 октомври  2025 год. заедно со уште две лица од градинките од Р.С. Македонија и координатор од Националната агенција за европски образовнипрограмиимобилност, при што се стекна со обука за еТвининг проекти .
Интернационалниот семинар ,,Основни вештини во предучилишните установи со помош на еТвининг проекти  опфати запознавање со платформата еТвининг, можностите за дигитална соработка помеѓу градинки од различни европски земји, како и начини за имплементација на проекти со најмладите.

Преку практични примери и споделување искуства, се стекнав со нови идеи и алатки за реализација на еТвининг проекти кои ќе  поттикнат  комуникација и тимска работа кај децата. Низ изготвување на еТвининг проектите беше ставен акцент на учење преку игра и креативност на одредена тема,област како вмрежување со други воспитно-образовни институции вклучени во проектите.

Во агендата на семинарот беше предвидено и реализирано посета на две Латвински градинки каде бевме пречекани со игра и песна од страна на најмалите ,дечињата од градинките .Накратко ни беше објаснето со каков вид на материјал работат секојдневно со децата,во кој простории ,во каков уреден двор и на кој начин ги обавуваат активностите и со која возраст на деца . Низ слики и апликации ни ги покажаа своите реализирани еТвининг проекти и со кои се држави до сега низ проектите се вмрежиле ,а една од нив е и нашата држава Р.С.Македонија.

Имавме можност за вмрежување со други држави учесници на семинарот како и заедничко изготвување на еТвининг проекти. Поделени во групи на неколку учесници од различни држави изработивме еТвининг проект со подршка на предавачите на семинарот и со нивна помош ги аплициравме  на платформата. 

Во мојата група се вмреживме со земјите учесници на семинарот од Норвешка, Шведска и Латвија .
еТвининг проектот кои го изработивме  и аплициравме на платформата е со тема математика и го именуваме како ,,Забавна математика" - ,,Playful math".
 
За мене искуството од овој семинар за стекнување на основни вештини во предучилишното воспитание преку еТвининг проекти претставува вредно усовршување и мотивација за вклучување во еТвининг проекти со цел збогатување на воспитно-образовниот процес и градење на соработка, за уште поголема посветеност и креативност во работата со најмалите.
 
Сакам да изразам голема благодарност до:
 
- Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ;
-До раководителот на одделението за еТвининг  г-ѓа Мила Протугер ;
-До координаторот г-дин Александар Голев, кои беше подршка наша за време на целиот семинар ;
- До организаторите од Р.Латвија за  семинарот , извонредната организација и гостопримливост ;
-До мојата институција ЈДГ,,Весели Цветови " 
за подршката и довербата ;
- и до сите земји учесници на семинарот со кои создадовме мрежи за идни заеднички проекти.
 

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес249
Вчера501
Оваа недела1960
Овој месец11193

Моментално посетители

1
Онлајн

2026-01-30

Политика за колачиња