Галерија

Едукативна практична активност за рециклирање со ПАКО-МАК вендинг машини

„Како резултат на успешна соработка со родителите на децата од воспитната група 4 - 5 години од објект Синоличка, на ден 14.05.2026 година реализиравме практична активност, каде децата имаа можност да се запознаат со можноста за рециклириње на пластични шишиња и лименки во ВЕНДИНГ машините на ПАКО-МАК. На овој начин, децата учеа искуствено, а воспитувачот Наташа Поповска, негувателот Усвита Панчевска и стручниот работник - социјален Работник Весна Блажевска, им го објаснија  целиот процес за можностите со кои придонесуваме за заштита на животната средина. Им ја покажавме апликацијата, го скениравме кодото на самата машина, децата сами ги ставаа платичните шишиња и лименки, а на крај следуваше најголемото задоволство. Од собраните поени, купивме ваучер и децата ги почестивме со, за нив слатко задоволство. Се надеваме дека на овој начин придонесуваме за подигнување на свеста од најрана возраст за начините и можностите кои ги имаме да ја чуваме околината и нашата Планета Земја."

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес73
Вчера251
Оваа недела1127
Овој месец3194

Моментално посетители

2
Онлајн

2026-05-15

Политика за колачиња