31.07.2025 година проект „МЕСТО ЗА РАСТЕЊЕ - ОПШТИНИ ПОСВЕТЕНИ НА ДЕЦАТА"
Официјално, на 31.07.20225 година проектот „МЕСТО ЗА РАСТЕЊЕ - ОПШТИНИ ПОСВЕТЕНИ НА ДЕЦАТА" заврши. Како што уживавме 3 години во секоја реализирана проектна активност, не можевме да очекуваме подобро завршување - завршува само проектот, но НИЕ СЕГА ПОЧНУВАМЕ со остварување на секоја стратешка цел. Тоа значи дека тимот е мотивиран, единствен и истраен. И како таков, создадовме т.н. ХИМНА на проектот за Општина Кисела Вода, која песничка ќе ни биде водилка кон уште поголеми успеси, потсетувајќи не што постигнавме и кои хоризонти стојат пред нас.
Во прилог е линкот на youtube каналот каде можете да ја слушнете ХИМНАТА - производ на креативни умови.
НАЈГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ искажуваме на тимот на организацијата на КМОП - Скопје, како и на продукцијата која помогна ова да биде производ со додадена вредност за сите нас.
Заследете ја нивната Facebook страна на линкот подоле.