Галерија

1-ви Април денот на шегата

Тема на неделата: Сонце, вода, воздух и почва

Дата: 01.04.2020

Реализатор: Клементина Петрушевска


АСПЕК НА РАЗВОЈ: ПРИСТАП КОН УЧЕЊЕ


СТАНДАРД: Детето може да ја користи својата креативност во секојдневните активности


НАСЛОВ НА ТЕМА: 1- ВИ АПРИЛ ДЕНОТ НА ШЕГАТА


АКТИВНОСТИ:

* Потребни материјали:

  • слики
  • илустрации
  • детска литература

1. Говорна игра - разговор

-Секоја година на 1-ви Април се одбележува денот на шегата. Тој се одбележува во повеќе земји во светот а понекогаш го нарекуваат денот на сите шегаџии.

На 1-ви Април многумина се маскираат, прават шеги и најразлични итрини. Овој ден секако им е најомилен на децата кои со денови ја осмислуваат и креираат својата маска. Најчесто за своја маска децата ги избираат јунаците од цртаните филмови. Овие маски секако можат да ги купат во продавница но има и такви кои со помош на своите родители, баби и дедовци ќе ги изработат или сошијат дома.

И така на 1 – ви Април низ улиците на градот ќе ги сретнете Спајдрмен, Супермен, Принцезите од цртаните филмови, Пеперутки, самовили, пирати и многу други. И сите насмеани и весели заедно со своите другарчиња ќе го прослават и овој празник на шегата и маските. А ако ви кажат некоја шега или ви направат итрина, не лутете се! 1 –ви Април е!

-Која маска ти е најинтересна? - искази


2. Ликовна игра/ изработка на маска

*потребни материјали

  • картон
  • хартија во боја
  • ножици
  • лепило
  • ластик
  • фломастери
maski 1
maski 2

Линкови

https://www.youtube.com/watch?v=SfVsy3p_JJ0   - маска зајче

https://www.youtube.com/watch?v=kqvIuU458Z4 – маска тигар

https://www.youtube.com/watch?v=Gz2myWJCieo - маски за супер херои


3. Музичка, подвижна игра

- 1 ви Април – Поточиња 2006

https://www.youtube.com/watch?v=1dITwlwRpU8


ЦЕЛИ:

  • Поттикнување на детето да креира, создава и при тоа да ја развива својата фантазија
  • Развивање на детската љубопитност и љубов кон работа со ликовни материјали

ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Детето се преправа и си замислува работи во играта
  • Детето креира нови игри и активности.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес272
Вчера399
Оваа недела1418
Овој месец6308

Моментално посетители

1
Онлајн

2024-04-26

Политика за колачиња