Рибата Немо

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: ЖИВОТНИТЕ ОД ПРИКАЗНИТЕ


ДАТА: 01.05.2020


РЕАЛИЗАТОР: МАНУЕЛА ИВАНОВСКА


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ:

  • Развој на јазикот, комуникација и описменување.
  • Пристап кон учење.
  • Емоционален развој.

СТАНДАРДИ:

  • Детето може да зборува и комуницира​.
  • Детето покажува истрајност во преземените активности​.
  • Детето се гордее со своите постигнувања и верува во своите способности.

НАСЛОВ НА ТЕМА:  РИБАТА НЕМО


АКТИВНОСТ:

1.  Говорна игра/ разговор

* Потребни материјали:

  • детска литература

Како си го замислуваш дното на морето? Како широка рамнина покриена со алги или, пак, како долина покриена со песок што наликува на пустина? Доколку патуваш под сета таа солена вода, во морињата и океаните, ќе можеш да видеш фантастичен релјеф со планини, долини и најдлабоки јами.

На некои места ќе можеш да видиш многу растенија, риби и некои други водни животни.. можеби и ќе наидеш на некое скриено богатство од некој потонат гусарски брод.

2. Објаснување - раскажување за рибчето Немо

Рибчето Кловн или Немо го добило името по цртаниот филм за деца ,,Потрага по Немо,,. Самото име на ова рибче кажува дека не потсетува на кловн, затоа што има интересни и живописни јаки бои, портокалова боја, обележана со црни линии и три вертикални бели  пруги. Дебелка, нежна и долга од 8 до 10 см.и крупни очи. Живее во длабоки океански води на Тихиот Океан, на температура од 10 до 32 степени но во многу чиста и бистра вода. Според некои истражувања женката риба Немо е поголема, покрупна од машката риба Немо и тоа за 2 до 3 пати. Не е тешка иако е дебелка, нежна е на допир. Живее долго до 10 години,а во аквариум и до 18 години, ако добро се грижиме за неа таа го чувствува тоа, чувствителна е и благодарна, весела и таа милост ја искажува со подолго живеење и е многу атрактивна за гледање. Поради загадувањето на водите исто така и Рибчето Немо е едно од загрозените видови и затоа е скапа риба(ако сакаме да си ја купиме за во аквариум).

Рибчето Немо - објанување, раскажување​.

nemo 1
nemo 2

3. Социоемоционална креативна активност:

* Потребни материјали:

  • лист од блок
  • молив
  • лепак
  • ножички
  • футроли од тоалетна хартија
  • темперни бои
  • четки
  • палета
  • црн фломастер
nemo craft 1
nemo craft 2
nemo craft 3
nemo craft 4

4. Изработка на риба:

nemo 3
nemo 4

https://www.youtube.com/watch?v=gQsmezZHtRg


ЦЕЛИ:

  • Да се развива способност да комуницира.
  • Да се поттикнува и негува истрајноста.
  • Да се поддржува во збогатување на социјално искуство.

ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Детето раскажува сопствено искуство или доживување.
  • Детето настојува успешно да ја заврши активноста, си поставува цели,го следи поставениот план со помош на возрасен.
  • Детето ги презентира своите идеи и мислења во активноста.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес171
Вчера326
Оваа недела1650
Овој месец4542

Моментално посетители

2
Онлајн

2024-04-20

Политика за колачиња